Македонија
6. July 2018 - 9:50

Локален совет за превенција во Старо Нагоричане

Локален Совет за превенција се одржа во општина Старо Нагоричане на која присутните разговаа за безбедноста и можните безбедносните закани што би го опфатиле подрачјето на оваа рурална општина, за начините за справување со пожари на отворен простор, но и поплави и за расположливоста на капацитетите, човечки потенцијал.
 
На советот беше заклученот дека е потребно да се исчисти речно корито, со цел да се избегне излевање и поплава на обработливо земјоделско земјиште и имот покрај речното корито. Што се однесува до пожари на отворен простор, членовите на локалниот совет за превенција се договорија, заеднички и координирано да дејствуваат превентивно се цел да се спречат пожари на отворен простор и да се избегне материјална штета.

Присутните на советот истакнаа дека во оваа општина имаат проблеми со таканаречени „диви“ таксисти кои се нелојална конкуренција на компаниите. Често на подрачјето на општината се случуваат и прекршоци на јавниот ред и мир (прегласна музика) од страна на млади лица и  тинејџери кои организираат забави во викендиците.

На локалниот совет за превенција  присуствуваа претставниците од повеќе институции како што се СВР Куманово, противпожарните единици на општините Куманово и Старо Нагоричане, Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија пат, од Советот на општина Старо Нагоричане и градоначалничката на општината, Жаклина Јовановска.