Спорт плус
28. July 2016 - 10:23

ЛОИ:11 кревачи на товар биле допингувани во Лондон

Меѓународната федерација за кревање товар (IWF), соопшти дека на последното тестирање на мострите од Олимписките игр во Лондон 2012, позитивни на допинг биле 11 спортисти.
 
IWF веднаш ги суспендира 11-те спортисти, што значи дека тие нема да можат да настапат на Олимпијадата во Рио де Жанеиро. Од овие 11-мина шестмина се носители на сребрени и бронзени медали на ОИ во Лондон.
 
Сите биле позитивни на анаболички супстанци, а четворица од нив доаѓаат од Русија.
 
Како што соопшти IWF, повторените тестирања откриле дека на последните две олимпијади (Пекинг и Лондон) позитивни на допинг бил 31 спортист.
 
Позитивни на допинг биле: Интигам Заиров (Азрбејџан), Наталија Заболотнаја (Русија), Раули Тсирикдзе (Грузија), Алмас Утешов (Казахстан), Светлната Цуракева (Русија), Сибел Симсек (Турција), Ирина Кулеша (Белорусија), Хрипсиме Хуршудијан (Ерменија), Александар Иванов (Русија), Кристина Јову (Молдавија0 и Андреј Деманов (Русија).