Ракомет
18. August 2016 - 12:36

ЛОИ ракомет: Бјелецки и „пресуди“ на Хрватска

Хрватските ракометари го завршија настапот на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро откако во четвртфиналето загубија од Полска 27-30.
 
Триумфот на Полска преставува изненадување бидејќи Хрватите во фазата по групи славеа над Франција и Данска. Сепак Полјаците предводени од Карол Биелецки (11 голови) забележаа победа и во целост им се реваншираа на Хрватите за поразот од 13 голови разлика на последното Европско првенство.
 
Покрај Билецки кај Полска се истакна и Лијевски кој постигна осум голови, додека најефикасни кај Хрватска беа Чупиќ и Степанчиќ со по седум голови.
 
Полска во полуфиналето ќе игра против Данска која лесно во четвртфиналето славеше над Словенија (37-30).
 
Претходно првата полуфинална двојка ја формираа олимпискиот и светски првак Франција и европскиот шампион Германија.