ЛОИ: На денешен ден Дрим-тимот славеше против Хрватска | Сител Телевизија
Loading Video...
Кошарка
8. August 2018 - 19:44

ЛОИ: На денешен ден Дрим-тимот славеше против Хрватска

Кошаркарскиот свет и натаму   во дилема кој беше крајниот домет на легендата на европската кошарка Дражен Петровиќ кој животот го загуби во сообраќајка. На денешен ден во далечната 1992г  Дрим-тимот на САД  го одигра историскиот меч против Хрватска.

            Историски затоа што тоа беше првиот дрим – тим од НБА лигата во кој настапија големите ѕвезди како Мајкл Џордан, Меџик Џонсон и Лери Бирд.

            Наспроти нив во финалето на Летните олимписки игри во Барселона Хрватска предводена од големата ѕвезда на европската кошарка Дражен Петровиќ заедно со Дивац, Вранковиќ и Кукоч.

            Американците славеа со 117-85 а светот го памети дуелот Петровиќ Џордан  кој на крајот  го доби хрватскиот кошаркар кој постигна два поени повеќе од големата НБА звезда која пак се радуваше на златниот олимписки медал.

            Претходно и во групната фаза Хрватска беше поразена од Дрим Тимот со 103-70 што беше најтесниот пораз на некоја репрезентација во дуелот со НБА ѕвездите на игрите.