Спорт плус
23. July 2021 - 10:55

ЛОИ 2020: Претседателот на ИОК со поддршка за Георгиевски

Еден од најголемите адути на македонскиот спорт на ЛОИ во Токио секако е ререзентативецот во Таеквондо Дејан Георгиевски.  Денеска нашиот тим во овој спорт Георгиевски и тренерот Костовски имаа средба со претседателот на ИОК Томас Бах кој им даде поддршка пред важните настапина олимпијадата:

„Денес имавме ретка и посебна чест да се сретнеме и да поразговараме со првиот човек на ИОК, претседателот Томас Бах. Со него позборувавме за Македонија и за македонското таеквондо.

Си разменивме и олимписки беџови, на крајот од разговорот првиот човек на олимпизмот на нашиот Дејан му посака многу среќа на настапите и светла спортска иднина“, велат од нашата олимписка таеквондо делегација во Токио.

Македонија на игрите за првпат ќе има претставник на една олимпијада. Дејан Георгиевски заедно со Арбреша Реџепи е наш знаменосец на свеченото отворање во 13ч.