-->
-->
Лохти суспендиран на 9 месеци
-->
Американскиот пливач, Рајан Лохти, доби десетмесечна суспензија , бидејќи за време на Олимиските игри во Рио де Жанеиро пријавил лажен грабеж. Поради суспензијата Лохти би можел да го пропушти Светското првенство во Будимпешта.
Како што пренесе Sky Sport, 32-годишниот Локти ќе паузира најмалку до јуни 2017 година, па поради тоа би можел да го пропушти СП кое ќе се одржува од 14. до 30.јули во Будимпешта.
Освојувачот на 12 олимписки медали за време на ОИ, пријавил дека бил ограбен на една бензинска пумпа. Заедно со Локти во наводниот грабеж биле неговите колеги од репрезентацијата Гунар Бенц, Џек Конгер и Џими Фејген.
Откако Локти го пријавил грабежот, бразилската полиција покренала истрага, која покажала дека пливачот лажно пријавил, односно тој и неговите колеги на бензинската пупма ја искршиле вратата од тоалетот, а кога менаџерот побарал да ја надоместат штетата тие си заминале.
Локти, кој несакајќи да плати се степал со обезбедувањето, неколку пати ја менувше верзијата за грабежот, поради што беше обвинет за лажно пријавување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот