Loading Video...
Свет
10. January 2021 - 16:33

Лоцирани се 2 црни кутии од авионот кој вчера се урна во Јаванското Море близу Џакарта

Лоцирани се 2 црни кутии од боингот кој се урна во Јаванското Море, во близина на главниот град на Индонезија, Џакарта. Помеѓу патниците имало и деца. До сега спасувачките екипи пронајдоа дел од нивната облека и обувки но и повеќе делови од авионот. 

Роднините на патниците се уште чекаат вести за своите сакани.

-Кога дојдов да побарам известување, ги видов имињата на моето 5 члено семејство, не можев ништо друго да сторам освен да плачам.

Иако не се знае причината за падот на авионот, од компанијата „Сривиџаја ер“ тврдат дека авионот бил технички исправен кога полетал.

-Според информациите кои ги имам, авионот беше во добра кондиција кога полета од Понтианак. Ова беше втора рута. Назад до Понтијанак. Не може да има проблем. 

Боинг 737 се урна вчера само 4 минути по полетувањето. Со него патувале 62 патници. 

11 лица загинаа, а 18 се повредени како резулат на силното невреме кое ја зафати западна Индонезија. По првото свлечиште предизвикано од силните вржени од дожд следувале уште неколку. Одрон на земјиштето имало и додека надлежните се обидувале да ги евакуираат жителите од околните куќи. 

Демонстрантот кој носеше крзена капа со рогови и копје при упадот во Капитол Хил, е уапсен пренесуваат американските медиуми. Станува збор за Џејк Ангели од Аризона и беше на листата на осомничени лица за упадот. Тој се наоѓа во притвор, а се сомничи за свесно влегување и упад без законско овластување и за насилно однесување во Конгресот. По упадот во средата почаа да се редат и првите обвиненија. А не се исклучува можноста и Трамп да седне на  обвинителна клупа. За утре демократите најавија да поднесат барање за импичмент против Трамп.