-->
-->
Љубовта победи: Вардаровиот фудбалер рипна во тавче!
-->
Еден од најзгодните и најпосакувани фудбалери во Македонија ќе се жени. Доцна вчеравечер (25.01) на профилот на Влатко Грозданоски осамна конечното признание. Фудбалерот прикачи фотографија од својата долгогодишна девојка манекенката Христина Мицевска со свршенички прстен на раката.
Иако подолго време се шушкаше, дури сега добивме потврда дека познатиот фудбалер навистина се сврши со својата сакана со која беше неколку години во врска и потоа раскина за на крајот љубовта да победи и повторно да бидат заедно.
Оваа свршувачка се држеше во тајност одреден период, а ниту Влатко, ниту Христина не сакаа да зборуваат во јавноста се додека конечно не се официјализира нивната свршувачка.
Како во вистинска романтична бајка пред неколку недели Влатко ја поканил Христина заедно да го прослават нејзиниот роденден во Рим, каде и се случило запросувањето.
Нивните пријатели и најблиското семејство веќе одамна знаат, а како што вели извор близок на Вистина, Влатко особено се радува што конечно ја пронашол сродната душа и ќе може да се смири од ергенскиот живот. Засега заветите се дадени, за свадба се уште е рано и допрва ќе се планира, а нам ни останува само да им посакаме среќа во заедничкиот живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција