Живот
13. May 2016 - 20:31

Љубовта е посилна од се: Ги загубиле трите деца во авионската несреќа, сега добиле ќерка

Родителите што ги изгубиле своите три деца во падот на малезискиот „боинг“ во Украина добиле девојче. Виолет Меј Меслин родена е овој вторник во австралиски Перт.

Нејзините родители Ентони Меслин и Мерит Норис, велат дека раѓањето на Виолет е доказ дека љубовта е посилна од омразата.

– Сè уште живееме во болка, но малата Виолет ни донесе светлина во темнината, иако знаеме дека нашите три деца се тука заедно со нас – вели Мерит додавајќи дека верува дека нивните три деца Мо, Еви и Отис заедно со нивниот дедо Ник од небото им пратиле чудесен дар, пишува Дејли мејл.

1familija nesreka

Малезискиот „боинг“ е соборен со ракета од земја на подрачјето на источна Украина во јули 2014 година. Во несреќата загинаа сите 298 патници на авионот заедно со авионскиот екипаж.

Децата на Ентони и Мерит тогаш имале по 10, 12 и 13 години, а патувале кон својот дом заедно со нивниот дедо.

Се претпоставува дека патничкиот авион е соборен од ракета „бук“, но сè уште не е јасно кој ја истрелал, Украинската војска или проруските бунтовници.

 

3familija nesreka