Џет-Сет
9. March 2016 - 18:34

Љубовницата на Шабан доживеала нервен слом: Јас го сакам него, а не себе!

Ивана Неговановиќ Цуца доживеала нервен слом и сакала да го напушти реалното шоу „Фарма“, но не и дозволиле.
 
Пејачката со солзи, трчала до портата, каде викала по поранешниот љубовник Шабан, пренесуваат одредени медиуми.
 
-Јас го сакам него, а не себе, - викала Цуца.
 
- Ако го сакаш, мораш да бидеш добра. Мора да го саакш на вистински начин, ќе треба да го гледаш со други очи, - ја тешела Цеца.
 
- Ќе излезам некако. Не ми даваат и не ми даваат. Ќе платам и казна. Тој знае дека сум смотана, пренесува Курир.
 
За потсетување, Цуца во јавноста стана позната по љубовната афера со Шабан Шаулиќ. А се шпекулира и дека пред нејзиното влегување во реалното шоу ја минале ноќта заедно, поради што сопругата Гордана го избркала пејачот од дома.