Живот
23. November 2015 - 19:21

Љубовен хороскоп за цела недела

Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за оваа недела.
 
Овен
 
Оваа недела ќе биде исполнета со прашања за врзаните претставници на зодијачкиот знак. Дајте си време и разгледајте ги сите многу добро. Што ви дава оваа врска? Омилениот човек ви ја храни ли душата? Сексот е секс или само физичко присуство? Размислете и ако е потребно да зборувате со партнерот.
 
Бик
 
Уште во понеделникот Венера и Марс ќе направат убава врска во вашиот сектор на романтиката и тоа ќе разбуди многу искри помеѓу вас и партнерот. Ако неодамна сте започнале љубовна врска, ќе почнете да се чувствувате со партнерот поврзани не само на физичко ниво. Во случај да се наоѓате во долгогодишна врска, хармонијата меѓу вас и вашата сакана ќе се чувствува во текот на целата недела.
 
Близнаци
 
За врзаните претставници на зодијачкиот знак претстојат спокојни денови во кои е добро да се посвети поголемо внимание на партнерот или барем да се обидат да балансираат помеѓу работата и љубовта. По неделата Венера ќе влезе во секторот на љубовта и ќе открие нови перспективи за неврзаните Близнаци.
 
Рак
 
Ако се наоѓате во врска, оваа недела ќе го откриете вашиот љубовен живот. Подготвени сте за посериозни чекори. Периодот е погоден за планирањето на романтичен одмор или прослава на нешто посебно што се случило помеѓу вас и вашата сакана.
 
Лав
 
Ќе се чувствувате навистина ценети од својот сакан. Тој или таа ќе ве опсипе со љубов и комплименти. Страсниот пламен меѓу вас ќе гори уште посилно. Од друга страна Венера ќе фрли позитивна светлина врз комуникацијата со партнерот. Не заборавајте и вие да ги покажете вашите чувства кон својата сакана.
 
Девица
 
Родените во знакот на хороскопскиот знак Девица ќе бидат најсреќниот знак во Зодијакот оваа недела, кога станува збор за љубов. Венера и Марс ви ја даваат својата поддршка, еве зошто моментот е погоден и за повеќе романтика. Ќе имате можност да уживате во длабоки и значајни разговори.
 
Вага
 
Ќе биде лесно за вас да постигнете што сакате во љубовта. Духовната поврзаност помеѓу вас и партнерот ќе биде повеќе од силна. Сепак, за тоа е добро да се посвети поголемо внимание на саканиот човек, како и да разговарате почесто за прашања кои ве возбудуваат. Ќе успеете да постигнете баланс и на сексуален план.
 
Шкорпија
 
Неделава ќе биде возбудлива на љубовен план за родените во знакот на Хороскопскиот знак Шкорпија. Ако во опкружувањето има некој кој привлекол внимание – дејствувајте! Направете го првиот чекор, бидете нежни и тргнете на патот кон среќата.
 
Во овие денови ќе ве возбудат повеќе прашања поврзани со кариерата. Ако се наоѓате во врска, партнерот ќе ја покаже својата поддршка. Оние од вас кои сè уште не ја нашле својата сродна душа, нека посветат поголемо внимание на личниот живот и социјалните контакти надвор работната средина.
 
Јарец
 
Сексот ќе биде возбудлив, но духовната врска ќе биде таа која ќе е приоритет за вас и вашата сакана. Најдобриот дел е дека сте на иста бранова должина и ќе дознаете многу еден од друг. Ако сакате да споделите нешто важно со партнерот или да поразговарате за тензично прашање, сега е моментот.
 
Водолија
 
Длабочината на чувствата кои ќе ги споделите со вашиот партнер, ќе ве натераат да се упатите во нова подлабока насока. Во сексот ќе достигнете нови врвови на задоволство, а емотивно сè уште има места кои ги криете, за да не бидете повредени. Доверете се на партнерот и преминете на следното ниво на интимност.
 
Риби
 
Ако барате љубов и страст, оваа недела ќе ги имате во изобилство. Венера и Марс ќе ви ја дадат својата поддршка за да бидете и да се чувствувате навистина забележителни. На крајот на неделата партнерот може да добие добри вести поврзани со финансиите, а потоа да почнете да правите планови за заедничка инвестиција или патување.