Живот
23. August 2016 - 21:31

Љубов со силиконски кукли: Врските се комплицирани, немам енергија за тоа

Наместо да биде во врска со живо битие од крв и месо, овој Јапонец преферира друштво од кукли.

Хиројуки Номура е навистина специфичен поради тоа што живее со 17 силиконски кукли за кои тврди дека се подобри од човечки битија. Тој вистинските врски ги смета за комплицирани и тврди дека е во автентична врска со кукли, зошто како што вели “ја чувствува неговата душа“.

Како што вели старата поговорка - Очите се огледало на душата, па Хиројуки сам им насликал очи на куклите направени во стилот на јапонското цртање, односно анимирање.