Живот
14. September 2018 - 10:46

Љубов посилна од ураганот: Американска двојка се венчаше на плажа додека убиствената бура го руши брегот на Северна Каролина

Вљубена двојка од Миртл Бич се венчаше на плажа и покрај страшниот ураган Флоренс кој удри на брегот на Северна Каролина.

Оваа двојка претходно го закажа датумот на својата венчавка, и не сакаше да отстапи, и покрај силниот ветер.

Дорис и Џим го зибрале 13 септември како ден за своите брачни завети.

„Се запознавме пред 5 години во фризерски салон блиску оваа плажа“, рече Дорис, на која не и пречеше ветрот и тешките сиви облаци кои се надвија над нив.

„Двајцата работиме, а тајмингот е совршен. Си рековме: Ова е вистинско време. Миртл Бич сега е град на духови. Никој не е тука. Ајде да се венчаме“, се смее Дорис.

Дорис исто така рече дека напоредно со свадбата, се подготвувале за удар на ураганот.

„Живееме во шума, имаме генератор“, вели Дорис.

Дорис и Џим рекоа дека по свеченоста планираат следните неколку дена да ги поминат во затворено, на сигурно од бурата.