Љубомир Јовевски избран за нов јавен обвинител: Ќе се дистанцирам од владата | Сител Телевизија
Македонија
25. December 2017 - 16:17

Љубомир Јовевски избран за нов јавен обвинител: Ќе се дистанцирам од владата

Со 61 глас “за”, еден воздржан и ниту еден против,  Собранието го избра Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител. Неговиот мандат ќе трае шест години, а доаѓа на местото на Марко Зврлевски. Изборот за нов државен обвинител помина без присуство на пратениците од опозицијата.

Обвинителството ќе ја заштитува законитоста и владеењето на правото, истакна Јовески по неговото именување, нагласувајќи дека оваа институција ќе се дистанцира од извршната власт и другите центри на моќ и ќе биде самостоен државен орган надлежен за гонење на криминал.

 63 – годишниот Јовески во судството е уште од 1979 година. Во неговата кариера Јовески ја вршел и функцијата претседател на Основниот Суд Скопје 2.

За заменик јавен обвинител е избран во 2003 година. На позицијата републички јавен обвинител доаѓа од Советот на јавни обвинители, а бил и еден од замениците на неговиот претходник Зврлевски.