Љубомир Јовески избран за јавен обвинител
- Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 22. седница со 61 глас „за“, еден воздржан и ниту еден против го избра Љубомир Јовески за државен јавен обвинител.
Расправата по неговиот избор и гласањето се одржа без присуство на пратениците од опозицијата.
Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.
Шеесет и тригодишниот Јовески во своето досегашно работење постапувал во кривичната област. Повеќе од 15 години работел како судија по кривични предмети, а во еден мандат раководел со Основниот суд Скопје 2, а има и работно искуство од над 12 години како јавен обвинител и седум години во областа на извршување на кривичните санкции.
Јовески во 1979 година станува приправник во Републичкиот Секретаријат за правосудството на Социјалистичка Република Македонија. Од 1987 година бил судија во Општинскиот суд Скопје 2, во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител, а од 2015 година е член на Советот на јавните обвинители на РМ.
Досега оваа функција ја извршуваше Лилјана Спасевска, откако Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август годинава.
По изборот на Јовески, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина работата по оваа седница и рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени за продолжението.
Џафери даде пауза, за како што рече, да се завршат постапките околу свечената обврска на новоизбраниот јавен обвинител.
Собранието ќе продолжи со работа по нова седница во 14:45 минути, на која е изборот на членови на Влада. На седницата треба да присуствува предлагачот, односно премиерот Зоран Заев. Претседателот на Собранието бил информиран од Владата дека премиерот Заев поради обврски не можел да стаса на седницата пред 14:30 часот.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца