Македонија
3. December 2018 - 16:26

Љубиша Савевски магистрирал во Романија без стипендии од Македонија, вели дека оштетениот слух му бил мотив за да се бори

Дизајнира костуми за мажи и жени, модерни шапки, но и венчаници...Љубиша Савески од Тетово е единствениот магистер од лицата со оштетен слух во државата.

Хендикепот не му бил никаква пречка да заврши основно и средно образование и потрагата по дополнително знаење да ја бара во странство. Завршил факултет за мода и дизајн во Романија и на истата тема магистрирал. Иако дипломирал со просек 9,65, не добил стипендија од макеоднија за магистерски студии.

-Стипендија ми даваше Романија, и во еден период на студиите кога сакав да се откажам поради финансиски проблеми, професорот кој многу го сакам ми дад еклуч од неговиот кабинет, ми стави кревет и таму буквално живеев 4те години престој, вели Љубиша Савески

Сам патувал од Тетово до Романија, немал никакви толкувачи со себе за време на студиите а имал можност да прошета во многу европски земји.

-На ревии во Романија, италија и Франција сум бил а потоа и во Македонија.

Кога се вратил во земјата бил единствен и со отворање бизнис преку проектот за самовработување. Има дуќан за креации а е вработен и во модна куќа. Сепак, свесен е дека во земјата е тешко да усепат лицата со хендикеп.

-Имам проблем со клиентите, во разбирањето,

Љубиша е женет и има два сина. И покрај предизвиците, вели дека е упорен и не се откажува.

-Ти благодарам на одвоеното врме и ти покасувам успех во кариерата

Но Љубише е еден од ретките лица со хендикеп кои усепале да се обрауваат и да имаат магистерака титула. Од Полио Плус велат дека треба многу работи да се сменат за и слепите, глувите и оние со физичка и интелектуална попреченост ги покажат своите способности.

-Погледнете, ние немаме наставници со хендикеп, немаме директори со хендикеп,,Треба прво од таму да с епочне, инаку се што се прави е само проформа, вели Елена Кочоска од Полио Плус

Но бариерите почнуваат уште од најмали нозе, од предучилишната возраст. Народниот правобраниетел по направеното истражување констатирал дела градинките не се подготвени за да примаат деца со попреченост.

-Васка Бајрамовска, заменик народен правобранител

Нема официјална статистика, но проценките покажуваат дека околу 10 проценти од населението во земјата живеат со хендикеп.