Балкан
10. September 2017 - 14:34

Љубиша до крајот на животот бил заљубен во својата Мира: Со прекрасни зборови ја опишувал нивната љубов

Легендарниот југословенски актер Љубиша Самарџиќ почина вчера во 81. година од животот по долга и тешка болест. За време на животот тој имаше импресивна кариера, но доживеа и тешка трагедија. По смртта на синот, од понорот го извлече неговата сакана сопруга Мирјана. Верна соработничка, партнерка и љубов на неговиот живот. Мирјана и Љубиша се сакаа повеќе од 50 години, а љубовта никогаш не престана.

Во едно интервју Љубиша го објасни тоа.

– Па зарем љубовта не е неопходна за траење? И ќе трае – изјави Самарџиќ во едно интервју за „Блиц“.

Мирјана објаснува дека била многу млада кога го запознала сопругот.

– Бев многу млада кога се запознавме. Во подоцнежните години многу е потешко еден човек да оствари посериозна врска, бидејќи разумот ги надвладува емоциите. Нашата љубов е резултат на мојата младост и неискуство. Беше откачен. Ама скроз откачен – објаснува Мирјана.

Самарџиќ, како што вели неговата Мирјана, никогаш не се променил.

– Мечтаеше за работи кои не се реални. Сакаше да сними едно капително филмско дело, а тоа подразбира огромна материјална подлога и надчовечки напор. Јас не се сомневам во неговата работа – раскажуваше Мирјана за својот Љубишта, кому соништата му го продолжуваа животот.

Мики и Љубишта беа заедно во најтешките животни ситуации, но заедно ги делеа и убавите моменти.

Љубиша Самарџиќ беше роден на 19. ноември 1936 година во Скопје, во семејство на рудари. Тој стана познато име во југословенското кинематографија по настапите во воените филмови во поранешната СФРЈ во кои постојано глумеше партизан и лик од народот. Талентот кој го поседуваше му овозможи големи успеси, а специфичноста го направи легенда.