Љајиќ: Србија трпи милионски штети поради бегалците
Србија трпи милионски штети поради бегалската криза и затворањето на границите од страна на соседните земји, изјави српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.
- Штетата може да се мери со милиони евра, бидејќи Хрватска и Унгарија се важни надворешнотрговски партнери на Србија, а покрај тоа тие се и транзитни земји за пласман на српските стоки на трети пазари, нагласи Љајиќ во интервју за белградскиот весник „Курир“.
Според Љајиќ, тоа претставува само дирекна штета, а посредната ќе биде многу поголема, имјаќи предвид какви пораки праќаат ваквите настани до потенцијалните инвеститори во регионот.
- На сите им е јасно дека бегалците кои сега се наоѓаат во Србија не сакаат да останат тука. Од 170.000 бегалци кои од почетокот на годината влегоа во нашата земја, азил побараа само занемарлив број, вели Љајиќ, истакнувајќи дека е горд со начинот на кој Србија се справила со бегалската криза.
Ново на Сител
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил