Балкан
30. October 2016 - 10:34

Љајиќ: Случајот со скриеното оружје да се расветли до крај

Оружјето пронајдено во сандаци во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ е оставено веројатно за да биде употребено, изјави денеска потпретседателот на Владата Расим Љајиќ.

Тој додаде дека случајот мора да биде до крај расветлен.

– Тоа оружје не е скриено за да си играат мравки со него. Веројатно е скриено за да се употреби еден ден проив некого. Посебно ако се работи за тоа дека оружјето е пронајдено во близина на семејната куќа на премиерот. Тоа сепак е сигнал за тревога за сите надлежни институции, пред се службите за безбедност и полицијата, изјави Љајиќ за РТС.

Министерот додаде дека мора да се има конечен епилог од таа ситуација за да се спречи релативизација и импровизација на целиот тој случај.