Фудбал
31. October 2015 - 16:21

Ливерпул подобар од Челзи, екстра проблеми за Мурињо

Фудбалерите на Ливерпул го изненадија Челзи на Стемфорд Бриџ совладувајќи го убедливо со 3-1 со што направија пробив кон горниот дел од табелата. 

Тимот на Мурињо одлично започна со погодокот на Рамирез уште во 4. минута. 
Кутињо со два погодоци во 45. и 74м  направи пресврт на резултатот а судбината на Челзи ја запечати Бентеке во 83м.