Фудбал
16. July 2020 - 10:46

Ливерпул нема да може да стигне до 100 бода

Екипата на Ливерпул синоќа беше поразена од Арсенал со 2:1 во 36. коло од фудбалскиот шампионат на Англија. По овој пораз, избраниците на тренерот Јирген Клоп ги загубиј шансите со троцифрен број бодови да го завршат првенството.

А така не изгледаше по 20. минута кога Садио Мане ги доведе „црвените“ во водство. Пресвртот го најави Александре Лаказет со погодокот во 32. минута, додека победата за „топчиите“ ја обезбеди Реис Нелсон пред крајот на првото полувреме.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е убедлив лидер со 93 бода и со евентуални две победи до крајот може да собере најмногу 99. Втор е Манчестер сити со 75, трет е Челзи со 63. Следуваат Лестер и Манчестер јунајтед со по 59 бода и натпревар помалку.