Loading Video...
Фудбал
5. April 2018 - 9:50

Ливерпул и Барса на чекор до полуфиналето

Екипите на Ливерпул и Барселона остварија високи победи над Манчестер Сити и Рома, во првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите, со кои ширум си го отворија патот за пласман во полуфиналето. 
 
Во англиската пресметка на „Енфилд“ Ливерпул го победи Манчестер Сити со 3-0. „Црвените“ целата работа ја завршија во првиот дел кога ги постигнаа головите преку Мохамед Салах (12.минута), Алекс Окслеид-Чембрлен (21) и Садио Мане (31).
 
 
Барселона на „Камп Ноу“ ја победи Рома со 4-1, а два од четирите гола за Каталонците ги постигнаа фудбалерите на Рома. 
Во 38-та минута, Даниеле де Роси си постигна автогол, а во 55-тата Костас Манолас на идентичен начин ја удбои предноста на домаќините. Четири минути подоцна Жерар Пике зголеми на 3-0, додека Един Џеко беше стрелец на голот за Рома. Конечните 4-1 за Барса ги постави Луис Суарез