Loading Video...
Фудбал
14. March 2019 - 12:42

Ливерпул и Барса го комплетираа списокот четвртфиналисти во ЛШ

Екипите на Ливерпул и Барселона го комплетираа списокот осум тима кои ќе играат во четвртфиналната рунда во фудбалската Лига на шампиони
 
Откако првите осминафинални средби завршија без голови (0-0) Ливерпул и Барселона ги победија Баерн и Лион, со што го обезбедија својот настап во четвртфиналето. 
 
Ливерпул на гости во Минхен го победи Баерн со 3-1, а два од трите гола за „црвените“ постигна Мане во 26 и 84.минута, додека во меѓувреме во листата на стрелци се впиша и Виргил ван Дијк  (69) . И погодокот за Баерн беше практично дело на фудбалерот на Ливерпул Жоел Матип  (39) кој си постигна автогол
 
Барселона пак беше супериорна во дуелот со Олимпик Лион кого пред својата публика го декласира со убедливи 5-1.  Лионел Меси на овој меч постигна  два гола (18.мин од пенал и 78) за Каталонците, а во листата на стрелци се запишаа и Филипе Кутињо  (31), Жерард Пике (81) и Осман Дембеле (86), додека   Лукас Тусарт  (58) беше стрелец на почесниот гол за францускиот тим.   
 
Со тоа Барса и Ливерпул ја комплетираа листата на четвртфиналисти приклучувајќи им се на: Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Манчестер Сити, Јувентус, Ајакс и Порто.
 
Кои ќе бидат четвртфиналните парови, а и евентуалните двојки за полуфиналето, ќе биде познато по ждрепката која ќе се одржи утре во Нион. 
 
Првите натпревари од четвртфиналето ќе се одиграат на 9 и 10 април, додека реванш средбите се закажани за 16 и 17 април.