Македонија
24. May 2016 - 16:07

Литургија за Св.Кирил и Методиј во Тетово

Соборниот храм "Св.Св. Кирил и Методиј" во Тетово, денес свечено го одбележа патрониот празник со архиерејска литургија, која ја отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. 

Со духовни песни светата богослужба ја збогати и тетовскиот женски младински хор "Менада.

Благословени и прережни беа неколку кумски колачи кои верниците ги принесоа во чест на двајцата светци, а за здравје, среќа и благосостојба на нивните семејства.

Со свечена академија вечерва празникот ќе го одбележат и учениците и наставниот кадар од Тетовско.