Македонија
23. March 2019 - 16:47

Литија во Струмица со чудотворната икона на Богородица Скоропослушница

Со свечени литургии и  литија Струмица  го одбележува споменот на пристигнувањето на чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушнчка.

Одбележувањето годинава  е  два дена. Започна денеска во манастирот „Свети  Петнаесет Тивериополски свештено маченици“ со воскресна Вечерна богослужба, а потоа, со свечена литија иконата на Мајката Божја „Брзопослушничка“ беше однесена во црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј“, каде беше оставена за поклонение на верниот народ.

Голем број верници од Струмица но и од регионот попладнево се вклучија во литијата. Велат да биде дел од ваков настан неможе да се опише туку треба да се доживее.

Централниот дел од одбележувањето на споменот споменот на пристигнувањето на чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушнчка ќе биде утре.

После божествената литургија литијата ќе тргне низ центарот на Струмица па се до градскиот плоштад каде е предвидено молитвословие проследено со кратки поздравни слова по што ќе продолжи назад во црквата Свети 15 Тивериополски свештено маченици.

Пред две години иконата беше донесена како подарок од братството на манастирот Дохијар на Света Гора.Во светот има сам пет копии на чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница, една од нив е иконата во Струмица.