Македонија
13. December 2017 - 8:32

Литературен час за браќата Миладиновци

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе организира Литературен час посветен на животот и делото на браќата Миладиновци.

Ќе присуствуваат ученици од гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Скопје, а предавање на тема „Скици за портрет на браќата Миладиновци врз широкото платно на македонската преродба“ ќе има д-р Димитар Пандев, професор од Филолошкиот факултет во Скопје.