Свет
4. July 2017 - 23:31

Листата со барања на арапските земји кон Катар е нереална, според катарскиот министер за надворешни работи

Катарскиот министер за надворешни работи изјави дека листата со барања од Саудиска Арабија и нејзините сојузници кон неговата земја е нереална. 

- Листата е нереална и неприфатлива. Таа не се однесува на тероризмот, туку повикува да се стави крај на слободата на говорот, изјави шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал Тани, кој во Доха се сретна со германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

На средбата утре во Каиро четири земји ќе го разгледаат одговорот на нивните барања, кој на Катар вчера му ги врачи посредникот Кувајт. 

- Кризата треба да се реши преку дијалог во јасни рамки и врз основа на принципите на немешање и почитување на државниот суверенитет, изјави катарскиот министер за надворешни работи.