Македонија
12. November 2017 - 16:20

Лисиче со најзагаден воздух

Во Лисиче вчера воздухот бил загаден 10 пати над дозволеното. мерните станици регистрирале зголемено аерозагадување во сите скопски општини, но и во повеќе градови во државата. Мерките на надлежните засега се само во најава.

Воздухот во Лисиче синоќа бил загаден 10 пати над дозволеното. Мерните станици на министерството животна средина измериле вредност на ПМ честичките од 486 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50 микрограми. Зголемено аерозагадување е регистрирано во сите скопски општини, но и во Битола, Тетово, Куманово,Велес.  На дел од граѓаните кои живеат во главниот град им пречи загаденоста на воздухот, други пак велат дека се навикнати.

Експертите по јавно здравство предупредуваат дека и 20-тина минути дишење загаден воздух може да предизвика вошување на здравјето.

-Докажано е дека и по 21 минута престој надвор кога воздухот е загаден може да им апоследици по здравјето, изјави д-р Александар Митов, м-р по јавно здравство и влијанија на животната средина врз здравјето

И додека се полнат капацитетите на сите болници кои третираат пациенти со респираторни заболувања, мерките на надлежните засега се само во најава.