Македонија
3. August 2021 - 18:37

Лишено од слобода лице поради „загрозување на безбедноста на сообраќајот”

Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и ЕВР Чаир, денеска во 14.00 часот денеска на улица „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода скопјанецот А.С. (40) за издржување казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот” по член член 297 став 3 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Од таму појаснуваат дека лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за спроведување во Казнено-поправната установа Затвор – Скопје.