Македонија
7. September 2020 - 16:11

Лишен од слобода полициски службеник, одбил да се идентификува и се однесувал агресивно

На улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје, ноќеска во 03:00 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Д. (полициски службеник) затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки одбивал да даде документи за идентификација и се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Како што соопшти Министертсвото за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен,  тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари.

Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.