Фудбал
6. July 2016 - 13:36

Лионел Меси осуден на 21 месец затвор

Еден од најдобрите играчи на светот Лионел Меси осуден е поради затајување данок на 21 месец затвор.

Судот во Шпанија го осуди фудбалерот на Барселона поради затајување данок заедно со неговиот татко Џорџ.

Фудбалерот и неговиот татко во три наврати го измамиле даночниот систем.

Тие ја оштетиле Шпанија за 4,1 милион долари помеѓу 2007. и 2009. година.

Таткото и синот се соочуваат и со повеќемилионска казна.

Но, како што пренесуваат шпанските медиуми, нема д апоминат ниту минута во затвор, туку ќе добијат условни казни, бидејќи Шпанците овозможуваат затворските казни кои се помали од две госдини да се отслужат на условна казна.