Македонија
29. January 2016 - 16:27

Линзи Марк Луис: Заев да се придржува до изборите кои ги прифати, светот гледа што се случува

Уште еден повик до Заев за придржување до договорот од Пржино и учество на изборите на 24 април пристигна од американските аналитичари пренесени во вашингтонскиот весник Хил.

Линдзи Марк Луис извршниот директор на влијателниот Прогресивен политички институт во колумната под наслов ,,Зошто сите треба да се грижиме за претстојните избори во Македонија‘‘, прави паралела на непочитување на обврските што ги презема Заев со договорот од Пржино и опасноста од политичка и безбедносна криза во целиот регион.

Луис пишува дека внимателно стокмениот договор сега е доведен во прашање поради заканите на Заев од повлекување од изборите. Аналитичарот смета дека тоа е лошо не само за граѓаните на Македонија кои заслужуваат слободни и фер избори, туку и за Европа која се уште се опоравува од грчката економска криза и се справува со бранот бегалци.

За Македонија овие проблеми се посебно значајни. Како примарна транзит рута за бегалците, Македонија беше принудена да преземе вонредни мерки за да се справи и со безбедносните и со хуманитарните прашања предизвикани од кризата, мерки што ќе мора да продолжат да се спроведуваат, бидејќи приливот на бегалци не покажува знаци на намалување.

Но, со заканите за политичка нестабилност на регионот, огромниот напредок што го направи земјата во безбедниот транзит на стотици илјади бегалци сега е доведен во опасност, притоа изложувајќи ги на ризик и околните земји кои зависат од лидерството на Македонија по ова прашање.

И покрај бегалската криза, неподготвеноста на Заев да се придржува до договорот од Пржино не навраќа во едни мрачни времиња на балканската историја на насилни конфликти кои, серизно и се заканија на стабилноста на цела Европа.

,,Можеби токму поради тоа бројни меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат македонските парламентарни избори закажани за април. Меѓународните лидери како Потпретседателот на САД Џо Бајден, Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и директорот на ОДИХР Мајкл Георг Линк ги повикаа сите политички партии да го поддржат договорот од Пржино, а Амбасадорот на САД Џес Бејли ги повика сите партии и организации да учествуваат на изборите, потсетувајќи дека учеството на изборите е најдобар начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес‘‘, пишува Луис.

Ефектот на политичката ситуација во Македонија не е лимитиран само на оваа мала земја. Тој ќе има импликации далеку зад нејзините граници, предупредува експертот и упатува апел до СДСМ.

,,Опозициската партија во Македонија треба да ги послуша повиците од остатокот на светот и да учествува на изборите на 24. април. Тоа е важно за иднината на економијата, за иднината на бегалците и што е најважно за иднината на демократијата на Западот‘‘.

,,Време е Заев да го следи изборниот пат на кој самиот се согласи. Целиот свет гледа во него‘‘, заклучува Луис.