Џет-Сет
12. January 2016 - 12:36

Линдзи Лохан нападна келнер и плукна гостин в лице

Познато е дека Линдзи Лохан нема среќа со избегнувањето на проблемите, па нејзиниот најнов инцидент не претставува изненадување за никого. 

Поранешната ѕвезда на „Дизни“ е обвинета за расистички напад врз келнер и плукање в лице на гостин, додека била излезена со нејзината сестра Ели, пренесува „Сан“. 

Келнерот наведува дека Линдзи и сестра и влегле во клубот и отишле право во тоалетот каде поради некоја причина се заклучиле 20 минути и одбивале да излезат. По неговото убедување да излезат, Линдзи го прашала: „Дали си ти од Гана?, Ова е Њујорк, ти не припаѓаш тука“, имитирајќи го при тоа африканскиот нагласок. 

Ситуацијата се влошила уште повеќе кога еден од гостите се обидел да ја смири, а Линдзи го плукнала в лице. Останатите гости се побуниле и почнале да ја бркаат надвор, а интервенирала и полицијата. 

Келнерот одлучил да не покрене тужба против ѕвездата.

Се чинеше дека Линдзи Лохан во последно време се смири по годините бурен живот исполнет со проблеми, алкохол, различни опојни средства и одвикнување во клиника. 

Можеби е ова враќање на стариот пат, а можеби и само изолиран инцидент.