-->
-->
Лина Вертмилер сака „Оскарите“ да се прекрстат во „Ана“
-->
Италијанската режисерка Лина Вертмилер во својот говор на синоќешното доделување на Гувернеровите награди, повика „Оскарите“ да се преминуваат во „Ана“ награди.
Режисерката, инаку добитничка на годинашната Почесна награда на Филмската академија, или „почесниот оскар“, на сцената беше придружувана од глумиците Изабела Роселини и Софија Лорен. Вертмилер е во својата десетта деценија од животот.
– Таа би сакала „Оскарот“ да добие женско име. Сака да го вика „Ана“, меѓу другото преведе Роселини од италијански.
Потоа, режисерката ги повика сите присутни жени да извикуваат: „Ние ја сакаме ’Ана‘, женски ’Оскар‘!“
Вертмилер во 1975 стана првата жена номинирана за Оскар за најдобар режисер за филмот „Седум убавици“. А, својата нова „Ана“, таа им ја посвети на сопругот и на својата ќерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење