Лилјана Спасевска назначeна за в.д. јавен обвинител на РМ
Обвинителката Лилјана Спасевска е назначена за вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на местото на Марко Зврлевски, кого Собранието на 17 овој месец го разреши од должноста.
Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Спасевска ќе ја извршува должноста до изборот на нов јавен обвинител на Република Македонија.
Владата на Република Македонија на седницата одржана на 22 август му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.
Согласно член 41 од Законот за јавно обвинителство, Собранието на Република Македонија по предлог на Владата, го огласува именувањето на јавниот обвинител на РМ во „Службен весник на Република Македонија" и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процента од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. За Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија, пратениците ќе распрваат на пленарната седница закажана за 4 септември.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник".
Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.
Потоа постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. Потоа одлуката оди во Собрание како Предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.
На предлог на Владата, Собранието на РМ на 17 август го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија. Во причините за разрешувањето Владата наведе дека Зврлевски ја вршел функцијата незаконито, ненавремено и недоволно стручно. Со своето однесување и дејствување, според Владата, покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода