Кошарка
15. March 2021 - 11:28

Лилард се искачи на 15. место по дадени тројки во историјата на НБА-лигата

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард се проби на 15. место по реализирани удари за три поени во историјата на НБА-лигата.

На натпреварот со Минесота (112:114) одигран ноќта недела кон понеделник, Лилард постигна шест тројки и стигна до бројот 1931 во оваа статистичка категорија.

Лилард го помина Џеј Ар Смит кој има 1930 тројки.

Најдобар „тројкаш“ е Реј Ален со 2973 погодени удари, пред Стеф Кари со 2671 и Реџи Милер со 2560.