Ликовната уметница Џунова претставува артвидео во Велес | Сител Телевизија
Македонија
10. August 2018 - 8:17

Ликовната уметница Џунова претставува артвидео во Велес

Ликовната уметница Марија Џунова од Велес ќе го претставува своето артвидео на видеобим на надворешен ѕид од театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ секој вторник од 14 август до 4 септември од 19 до 19.30 часот.

На артвидеото е документиран прерформансот „Мантра за секогаш мрсни времиња за професорот и Герил Брутски“ одржан во октомври минатата година во велешко Пешти. Содржината на перформансот, наведува авторката, е палење листови од книгата „Авторски низ појавното 1-5“. 

- Изложувањето на видеото на отворен простор ќе овозможи понепосреден контакт со публиката отколку негово изложување во  галерија или музеј, смета авторката Џунова.