Македонија
6. јуни 2016 - 8:46

Ликовна работилница на Живко Поповски Цветин во возот Скопје – Гевгелија

Сликарот и хуманист Живко Поповски- Цветин денеска во возот кој сообраќа на релација Скопје – Гевгелија организира ликовна работилница „Цветна патека на мирот“ и притоа на патниците ќе им подарува слики.

Во текот на денот тој ќе одржи ликовна работилница во детски градинки во Гевгелија и во Богданци.

Вечер ќе се одржи ликовен перформанс „Цветна патека на мирот“, а истовремено ќе биде отворена и изложба во Музејот на град Гевгелија каде тој ќе изложи свои 33 дела работени во маслена техника, акрил, на платно и на хартија.

Во изминатата недела Поповски - Цветин имаше ликовни работилници „Цветна патека на мирот“ посветени на завршната академска година во ЕСРА Универзитетот во Скопје, во детската градинка „Борис Трајковски“ во Демир Капија, кај Спомен куќата на Мајка Тереза... 

Настанот од Скопје до Гевгелија е во организација на Македонски железници и Македонското здружение за обичаи и традиции „Гороцвет“, а во Гевгелија во организација на локалната самоуправа.