Лика: Универзитетот „Мајка Тереза“ чекор кон перспективите и придонес кон иднината
Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, денеска присуствуваше на свечена академија организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“, по повод првата годишнина од основањето.
- Основањето на ваквите институции за мене претставува чекор кон перспективите и придонес кон иднината, иднина која бара посветеност во борбата за да се избегне злото и за да се служи на доброто, рече заменик претседателот на Владата.
Тој, исто така потенцираше дека Владата ќе продолжи да дава целосна поддршка во развивањето на овој универзитет.
- Владата дава силна поддршка во развивањето на овој универзитет и досега ги извршуваше сите обврски, имајќи предвид изградба на објектите и создавање неопходни услови во нив за постигнување на бараните стандарди, со цел развивање квалитетен образовен и академски процес, рече Лика во обраќаето на свечената академија.
Ново на Сител
-
Филипче: Пристигнувањето на кинеските вакцини во Македонија може да се пролонгира за неколку денови
-
Организаторите на протестот за „Монструм“ го прогласија протестот за завршен
-
Тројца полицајци повредени во протестот за „Монструм“
-
Полицијата со шок бомби ги растеруваше демонстрантите
-
Новинар нападнат во протестот за „Монструм“
-
Полицијата започна да ја разбива толпата демонстранти
-
Демонстрантите го нападнаа полицискиот кордон, повреден полицаец | ФОТО
-
Полицијата спречи демонстрантите да се упатат пред судот