Фудбал
30. September 2020 - 11:22

Лига куп: Тотенхем подобар од Челзи во пенал-рулетот

Тимо Вернер го постигна својот прв гол за Челси, но тоа не беше доволно „сините“ да го минат Тотенхем  во Англискиот лига куп, откако и покрај доминацијата, Спарси успеаја да израмнат и на крајот да ги елиминираат лутите ривали по изведувањето на пенали.
 
Вернер во март го постигна единствениот гол за Лајпциг при 1:0 победата во осминафиналето на Лигата на шампионите, за вечерва да го повтори успехот против Спарси, кои очигледно добро му лежат.
 
Во 19-тата минута откако Цезар Азпиликуета го „уништи“ Серхио Регуилон, му ја даде топката на Вернер на работ на шестнаесетникот и тој не му даде шанса на Иго Љорис да интервенира. Челси имаа повеќе од играта во остатокот од мечот, но Ерик Ламела во 83. минута успеа да израмни за Тотенхем, а по регуларните 90 минути веднаш се изведуваа пенали.