Фудбал
29. October 2015 - 11:14

Лига куп: Мидлсброу домаќин на Евертон

Екипата на Мидлсброу по елиминацијата синоќа на Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од Лига купот на Англија на домашен терен ќе игра против Евертон. Од осумте тима во оваа фаза пет се премиерлигаши, па така дуелот меѓу Саутемптон и Ливерпул секако дека привлекува најмногу внимание.

Двојки од четвртфиналето на Лига купот:
Мидлсброу - Евертон 
Саутемптон - Ливерпул
Стоук - Шефилд В.
Манчестер Сити - Хал.
Натпреварите ќе се играат на 1 и на 2.декември.