Фудбал
1. December 2015 - 23:23

Лига Куп: Манчестер Сити обезбеди полуфинале

Фудбалерите на Манчестер Сити обезбедија пласман во полуфиналето на Лига Купот откако вечерва во четвртфиналето на домашен терен го победија Хал со 4:1. Два гола постигна Де Бруин, а по еден Бони и Иначо.

На другите два натпревара одиграни вечерва победи од 2:0 постигнаа: Евертон на гости против Мидлсброу и Стоук на домашен терен се Шефилд Венсдеј.
Утре се игра дуелот на премиерлигашите меѓу Саутемптон и Ливерпул (почеток 20:45 часот).
Полуфиналните натпревари од Лига купот се играат во јануари.