Фудбал
31. October 2019 - 10:37

Лига куп: Јунајтед го елиминира Челзи

Манчестер јунајтед ја забележа третата последователна победа на гости (против Партизан во Лига Европа и против Норич во Премиер лигата), триумфирајќи со 2:1 на „Стемфорд бриџ“ за да ги елиминира „сините“ во осминафиналето на Англискиот лига куп.

Тимот на Оле Гунар Солскјер дојде во водство со гол од пенал во 25. минута од мечот, кога Маркус Рашфорд и покрај тоа што утна пенал во претходниот меч, имаше храброст да го совлада Кабалјеро.

„Сините“ ја презедоа иницијативата во второто полувреме и израмнија преку Мичи Батшуаи во 61. минута, пред Рашфорд во 73. минута да обезбеди победа за „ѓаволите“ со прекрасен гол од слободен удар!