Фудбал
1. December 2016 - 8:52

Лига куп: Елиминиран Арсенал, кам-бек на Швајни

Фудбалерите на Саутемптон го искористија експериментирањето на  Арсен Венгер и со победа од 2-0 на Емирати го елиминираа Арсенал од лига купот. 

Враќањето на Бастијан Швајнштајгер во тимот го раздвижи Манчестер Ј. кој со 4-1 го совлада Вест Хем и се пласира во полуфиналето на Лига купот. 
По два гола постигнаа Марсијал и Ибрахимовиќ.
Според тоа во полуфиналето ќе играат Ливерпул и Хал и Јунајтед и Саутемптон па можно е во финалето да се случи најголемото англиско дерби.