Фудбал
30. јуни 2016 - 21:10

Лига Европа: Вадуц- Силекс 3-1

Фудбалерите на Силекс се поразени со 3-1 во првиот дуел од квалификациите за Лига Европа и тоа од претставникот на Лихтенштајн , Вадуц на гостински терен. 

Во извонредно борбен и допадлив натпревар домаќинот делуваше поискусно и знаеше своите полушанси да ги претвори во гол. 
Особено кобни беа завршните секунди во првиот и вториот дел кога Вадуц ги постигна вториот и третиот погодок. 
Во првиот дел Морено Костанцо двапати се запиша во листата на стрелците во 36. и 45+1 минута. 
Во вториот дел Силекс играше одлично и бараше шанса за погодок и неизвесен реванш во Скопје за 7 дена. Тоа и му успеа во 86м кога искусниот Мицков ја искористи одбиената топка од домашнииот голман Јеле и намали на 2-1. 
И кога се очекуваше крај на мечот капитенот Грипо постигна и трет гол за Вадуц што значеше и превисока победа од 3-1 за домашниот тим. 
Реваншот се игра следниот четврток на Националната Арена Филип Втори во Скопје во 20ч.