Фудбал
20. April 2017 - 13:23

Лига Европа: Рвенаш натпревари од 1/4-финалето

Во второто по квалитет европско клупско фудбалско натпреварување Лига Европа вечерва ќе се одиграат реванш натпреварите од 1/4 финалето. 

Најнеизвесно се очекува да биде на мечот во Манчестер на „Олд Трафорд“ каде Манчестер и Андерлехт ќе стартуваат со 1-1 по првиот натпревар одигран во Белгија. 

Во Истанбул, Бешикташ ќе го пречека Олимпик Лион со негатива од 1-2 по прв натпревар, но и по големите тензии и немири кои се случија на средбата во Франција. 

Со негативен резултат пред својата публика ќе стартуваат Генк во дуелот против Селта Виго (2-3) и Шалке против Ајакс (0-2). 

Сите натпревари ќе започнат во терминот од 21 часот и 5 минути