Фудбал
27. September 2017 - 18:49

Лига Европа: Розенборг внимателен во дуелот со Вардар

Норвешкиот првак Розенборг утре од 19 часот го пречекува македонскиот шампион Вардар во натпревар од 2.коло од групата Л од Лига Европа. На прес конференцијата пред дуелот од таборот на норвежаните порачаа:
-  Вардар ги победи Малме и Фенербахче, значи дека не чека тежок натпревар. Ние ќе играме офанзивно за да победиме, изјави тренерот на Розенборг Каре Ингебритсен.
На првиот дуел од групата Розенборг загуби на гостувањето против Реал Сосиедад со 4-0.
Фудбалерите на Вардар денеска пристигнаа во Трондхајм, а по прес конференцијата на тренерот Чедомир Јаневски ќе биде одржан и единстевниот тренинг.