Фудбал
7. April 2016 - 15:14

Лига Европа: Први дуели од 1/4 финалето

Во фудбалската Лига Европа вечерва на програмата се првите натпревари  од 1/4 финалето.
 
Најголемо внимание ќе привлече дуело во Дортмунд, каде на мегдан кај Борусија гостува англискиот премиерлигаш Ливерпул предводен од поранешниот тренер на Милионерите, Јиреген Клоп .
 
Бранителот на трофејот Севиља во „шпанската пресметка“ ќе гостува кај Атлетик Билбао во првиот дуел, додека третата шпанска екипа во оваа фаза од натпреварувањето Виљареал е домаќин Спарта Прага.
 
Во четвртиот дуел португалската екипа Брага е домаќин на украински Шахтјор.
 
Почетокот на сите натпревари е во 21:05 часот