Фудбал
11. March 2017 - 10:14

Лига 1: Победа за ОМ, кикс на Ница

Фудбалерите на Олимпи Марсеј постигнаа сигурна победа на еден од двата дуела од 29.коло од француската Лига 1 одиграни синоќа. Тие на домашен терен го победија Анже со 3:0, со двата гоа на Флориан Товин и едниот гол на Реми Кабела. 
На вториот дуел одигран синоќа Ница и Каен одиграа нерешено 2:2, а гостите водеа со 2:0. Ница со освоениот бод остана на два помалку од лидерот Монако.
Од оваа рунда се играат уште натпреварите: Монако – Бордо, Генгамп – Бастија, Монпеље – Нант, Нанси – Лил, Рен – Дижон, Сент Етиен – Мец, Олимпик Лион – Тулуз и Лориен – ПСЖ. 
Табела: Монако 65 бодови, Ница 63, ПСЖ 62, Олимпик Лион 47, Олимпик Марсеј 45, Бордо 43,...