Фудбал
1. March 2017 - 22:38

Лига 1: По еден бод за Бастија и за Нант

Екипата на Нант освои еден бод на гостувањето кај Бастија откако одигра нерешено 2:2, а противникот имаше предност од 2:0. Бастија поведе со головите на Гаел Даник во 69.минута и на Принс Онианкуе во 76.минута. Головите за Нант ги постигнаа: Емилијано Сала во 78.минута и на Диего во 90+1.минута. 
Нант испушти шанса за победа откако не реализираше пенал во 87.минута преку Лима.
Бастија натпреварот го одигра со 10 играчи бидејќи во 10.минута беше исклучен Александар Дјику.
Бастија со освоениот бод остана на претпоследното место на табелата со 24 бодови, додека Нант нема пораз на четири натпревари и со 34 бодови се наоѓа на 11.место.
На првото место на табелата е Монако со 62 бода, пред ПСЖ и Ница кои имаат по 59.